Рикардо го криви ветерот за својот судар

139

Даниел Рикардо откри дека силен ветер во задниот дел на болидот на 4от свиок во Шпанија бил виновен за неговиот судар на првата денешна сесија. Австралијанецот мина преку песокот крај патеката и се заби во заштитниот ѕид при што предизвика штета на предниот дел од болидот.

Неколку возачи, вклучително и јас направија грешки, но за жал мојата ме чинеше пропуштање на цел час од сесијата. Ветерот во задниот дел од болидот е голем проблем во Формула 1, а на кривините со таков ветер целосно губите грип во задниот дел. На 4от свиок беше тешко затоа што имаше ветер, а се работи за кривина која се минува со притисната сопирачка, така што имате товар врз предниот дел, а го растеретувате задниот дел. Лоша кривина за силен ветер од позади така што не е лесно и ме изненади утрово – објасни Рикардо.

Дани исто така се сомневаше во ефикасноста на суперсофт компонентата викендов, иако беше значително посреќен и позадоволен по втората сесија кога возеше со софт и постави второ време со 133 илјадити делови од секундата заостаток.

Не успеавме да најдеме начин за суперсофт да работат како што треба. Предните гуми не се добри под вакви услови, иако со високо ниво на гориво е значително подобро. Потоа ставивме софт и бевме многу пборзи. Доколку нешто не се смени, суперсофт не е  добра гума за викендов.

Денот не беше лош, утрото погрешив, но го поправивме болидот и попладнето имавме добра сесија. Ги наведнавме главите и комплетиравме многу кругови затоа што тоа беше важно за овој подновен болид со многу аеродинамички новини. Ни требаа кругови за соодветен фидбен и задоволни сме од сработеното.


Рикардо го криви ветерот за својот судар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>