Рикардо: Време е да победам во Сингапур

129

Даниел Рикардо се надева дека конечно ќе му се посреќи трката во Сингапур претстојниот викенд откако во последно време среќата апсолутно не е на негова страна и бележи механички проблеми и не финишира на крајот. Во Германија имаше механички проблем, во Белгија исто така, а тоа се повтори и на Монца. Во меѓувреме имаше и казни поради предвремена промена на мотор. Од оваа гледна точка неговиот трансфер од Ред Бул во Рено може да се гледа како на исправен потег.

Својот прв подиум низ градот држава Рикардо го имаше во 2014 година, неговата дебитантска во Ред Бул.

Сите знаат дека сакам улични трки. Чувството да се вози на лимитот толку блиску до оградата ме возбудува и никогаш не ми е доволно. Завршувам на подиум минатите четири години и мислам дека крајно време да победам – логични размислува австралијанецот.

Се работи за првата ноќна трка во календарот, која е таква од нејзиното додавање на календарот, нешто што на Дани му се допаѓа.

Сингапур е првата ноќна трка на календарот што многу ми се допаѓа. Има нешто романтично да се легнува во 5 часот наутро – на шега изјави Рикардо.


Booking.com

Рикардо: Време е да победам во Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>