Рикардо: Пречесто давам изјави додека се вози трка

210

Даниел Рикардо имаше уште едно откажување на трката во Германија и изјави дека е во боксот пречесто, давајќи изјави, во моменти кога се вози трката.

Тој ја заврши неговата трка во 28 круг кога беше на 6 позиција а стартуваше од 19 позиција. Делови од неговиот Рено мотор беа целосно нови, но откажаа на излезот од шнолата.

Почуствував нешто во 6 свиок кога враќав наназад брзини. Слушнав некој чуден звук. Тогаш забрзав и очекував нешто и приметив дека нема доволна сила. Потоа чув нездрави звуци.

Проблемите за Рикардо се јавија кога тој успеа да напредува на патеката откако стартуваше од последниот ред. Иако има трет најдобар болид на патеката, австралијанецот изјави дека не е лесно иако сите очекуваат тој да напредува на табелата.

Да бидам искрен првите 10-15 кругови беа тешки на медиум. Мислам, ако гледам наназад тоа беше добра гума. Се мачев со гужвата уште од стартот и немав грип. Но кога се расчисти, направив неколку 1:18с  кругови кои изгледаа добро во тоа време.

Победникот на седум трки сеуште го нема продолжено договорот со Ред Бул за наредната година иако се појавија гласини дека тоа ќе се случи.

Ова е уште едно откажување на австралијанецот и тој препозна лоша среќа.

Се мачевме во првиот дел но кога тоа помина мислам дека трката ќе дојдеше до нас. Но тоа е. Тоа е тркање. Го знаете добро. Мислам дека тука сум пречесто и тоа е лошо но што да направам.


Рикардо: Пречесто давам изјави додека се вози трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>