Рикардо: Во Барселона секогаш е возбудливо

53

Даниел Рикардо е возбуден што ќе се врати на патеката крај Барселона престојниот викенд каде сака да го надомести она што го загуби на последниот настан во Азербејџан. Ред Бул ќе биде меѓу екипите кои ќе носат подобрувања на оваа трка, но иако е дел од предсезонските тестови подолг период, трките во Шпанија не се никогаш досадни.

Барселона е секогаш возбудливо време од годината, почетокот на Европските трки, времето кога се пушта на патеката многу од развојот направен на почетокот на сезоната и одличен начин да почне летото.

Патеката е забавна, сме возеле многу на неа и сите ја познаваме многу добро, но тоа не значи дека ќе биде досадна, затоа што секогаш е убаво да се навраќаме.

Патеката има по малку од се. Кривините број 1, 2 и 3 имаат навиистина импресивен тек и одлична секција која бара техничко знаење за да се мине совршено.

Лани тука го освоив првиот подиум во сезоната што беше навистина кул, така што ќе се обидам да е подобрам сезонава – појасни Дани во пресрет на тркаа.


Рикардо: Во Барселона секогаш е возбудливо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>