Даниел Рикардо е возбуден за борбата која го очекува обидувајќи се да надомести позиции откако ќе стартува од последното место на Германското Гранд При.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Австралијанецот знаеше пред почетокот на викендов дека ќе добие тактичка казна поради агрегатот, со цел за наредната трка во Унгарија да има одлични можности за најдобар резултат.

Како резултат, Рикардо се појави само накратко во К1, пред да се откаже и неговите механичари да почнат да го подготвуваат болидот за утрешната трка.

Старт од последните позиции сигурно нема да влијае позитивно над еден возач, но тоа не е случајот со Рикардо, кој одвај чека на борбата низ средината.

Имав време да се справам со казната. Бев подготвен за тоа. Сега само сум возбуден за стартот од позади и борбата пред мене. Ќе биде забавно.

Повеќе би сакал да стартувам од предните редови, но сепак ќе биде забавно.

Долгите стинтови ни изгледаат добро. Изгледа дека Луис и јас ќе стартуваме од позади, така што ќе биде забавно и ќе видиме кој ќе стигне кон челните редови прв – изјави Рикардо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.