Рикардо верува дека ќе има уште казни до крајот

73

Даниел Рикардо сака подиум во Монца, но е свесен дека ќе мора многу да работи за тоа затоа што ќе добие нов мотор и казна на стартот од трката. Австралијанецот одбра да ја земе последната спецификација на мотор на Рено кој производителот смета дека ќе биде 3 десетинки побрз по круг во Монца. Ова ќе биде трети пат последните четири години Дани да биде казнет пред стартот во Италија.

Не знам од каде ќе стартувам, веројатно 19то или 20то место. Мислам дека и Нико Хулкенберг ќе биде некаде со мене оти има казна поради сударот минатиот викенд. Знам дека ќе тргнам од последен ред, но сепак сакам подиум, затоа што подиумот изгледа прекрасно тука и се надевам на луда трка и добар резултат.

Ќе се обидам со последниот подобрен мотор во Петок и ќе донесеме одлука што можеме да очекуваме од него. Јас секогаш се трудам да ги контролирам очекувањата и сметам дека тоа е природно псоледниве неколку години.

Морам да најдам нешто, но дали ќе биде една, две или три десетинки ќе видиме. Но доколку има било какво подобрување тоа е секако некаков плус. Очекувам подобар агрегат, но не моам да кажам колку – објасни Рикардо.

Возачот на Ред Бул сепак призна дека очекува уште една казна пред крајот на ова првенство.

Мислам дека во одреден момент ќе треба да земеме уште еден мотор и повторно казна. Ако можеме да “истераме“ од Сингапур до крај без казни ќе биде над таргетот, така што во моментов се надевам на сами уште една казна до Абу Даби.


Booking.com

Рикардо верува дека ќе има уште казни до крајот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>