Рикардо: Болидот беше тежок за возење

69

Откако заврши на 5 место во Шпанија, Даниел Рикардо призна дека неговиот болид бил тежок за возење.

Австралијанецот се изврте за време на рестартот под виртуелно безбедносно возило поради што беше спречен да заврши во топ 4.

Беше тешко за возење. Беше брзо ако успеевте да ги поправите грешките. Трката беше како на ивица на нож.

Победникот на 6 трки изјави дека болидот бил тежок за возење.

Ако бевте среќен ќе имавте добар круг од 5 извозени а останатите четири ќе се мачевте.

Двата Ред Була стартуваа од 5 и 6 позиција и останаа позади Кими Раиконен до неговото откажување.

На почетокот на трката мислев дека заостануваме, но сепак Кими не беше брз и јас и Макс бевме побрзи. Кога излегов од бокс видов дека три болида се тркаат и тоа ме чинеше доста време. Монако е патека како за нас и ќе видиме што ќе биде таму.


Рикардо: Болидот беше тежок за возење

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>