Медиумите се погласно шпекулираат дека Техничкиот директор на Скудерија Ферари, Матиа е блиску до напуштање на Маранело. Неодамнешниот силен пад во формата на Ферари се шпекулира дека е поради интерен конфликт помеѓу тимскиот шеф Маурицио Аривабене и техничкиот шеф Матиа , судир кој ескалирал и излегол од контрола.

Но, медиумтие во меѓувреме пренесоа и дека Маурицио добил продолжување на договорот со Скудерија, со што ќе остане на чело на најтрофејниот Формула 1 тим до крајот на 2021 година.

Конкурентите на Ферари не губеа време, брзо реагираа, а Мерцедес и Рено прашуваат и се интересираат за Матиа Биното – пишува фински Turun Sanomat.

Дополнително се врува и дека договорот на Биното е валиден само до крајот на оваа година.

Според извори во Италија, Биното му кажал на Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери дека во екипата ќе остане или тој или Аривабене – продолжува финскиот весник.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.