Возачот кој замина од тимот, Естебан Окон, вели дека Форс Индија, односно Рејсинг Поинт, ќе ја намалат огромната разлика со врвните тимови како Мерцедес, Ферари и Ред Бул.

Окон и помогна на Форс Индија да стигне до 4то место во пласманот на конструктори во 2017 година во период кога тие имаа ограничени ресурси. Форс Индија и понатаму беа најдобри од останатите во 2018 година, но во текот на сезоната влегоа во административен процес и мораа да се откажат од сите поени и да продолжат како нова екипа со нови сопственици, како и ново име, Рејсинг Поинт.

Окон го загуби своето место од Ленс Строл, синот на еден од новите сопственици, Лоренс Строл.

Разликата е огромна, но тие ќе ја надоместат, тоа е сигурно. Ресурсите секогаш беа проблем, но оваа година тоа нема да биде случај. Верувам дека ќе бидат силни конкуренти.

Јас бев импресиониран, како и минатата година, од нивниот професионализам и мотивација за резултати. Тоа е најважното нешто. Тие се гладни. Тоа прави разлика. Не ги бројат часовите.

Еден пример, тие долетаа од Мексико и пристигнаа во 2 часот наутро во Велика Британија, а наредното утро јас бев таму, во 8 наутро и сите работевме на симулаторот.

Сите беа уништени, и јас исто така, но веќе работевме. Поради тоа сме толку конкурентни на патеката, дури и кога ги немаме ресурсите.

Со новите ресурси најверојатно ќе биде многу полесно за нив – вели Окон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.