Првиот човек на Рејсинг Поинт, Отмар , откри дека тимот повторно ќе промени име, кое ќе биде откриено пред почетокот на следната тркачка сезона.

Откако ја превземаа Сахара Форс Индија, розевите се преименуваа во Рејсинг Поинт Форс Индија, но на минатонеделната официјална објава на учесниците во првенството за 2019 година, нивното име беше пријавено само како Рејсинг Поинт. Тоа е компанијата која беше наменски основана за превземање на екипата која со помош на Конзорциумот излезе од постапка на администрација на крајот од летото.

Спроед motorsport, Лоренс Строл сака поубаво и подопадливо име за следната година, со цел зголемување на популарноста и привлекување на спонзори, така што пред мартовскиот почеток на сезоната се очекува повторно преименување на екипата од Силверстон.

пријавеното име рејсинг поинт само ни го чува местото за да се знае дека следната година ќе бидеме на грдито. пред почетокот на тркачката сезона ќе имаме ново име и ќе има повторно промена – најави шафнауер.

Постапката за промена на име е поедноставена годинава. Наместо согласност од сите тимови како што беше случајот порано, екипата при промена на име треба само да добие дозвола од ФИА.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.