Рејсинг Поинт платиле 90 милиони фунти за Форс Индија

149
   

Според најновите објавени документи, Рејсинг Поинт платиле 90 милиони фунти за купување на Формула 1 тимот Форс Индија. Официјалниот извештај од администраторите го објаснува целиот процес зошто Рејсинг Поинт биле избрани како најдобар понудувач. Овој документ е од огромно значење за случајот кој го покрена Уралкали кои тврдат дека имале највисока понуда.

Во моментот кога Форс Индија влезе во администрација тие имале само 240,000 фунти на сметката, а платите за Јули веќе требало да се исплатат. Спонзорот БВТ им дал заем од 5 милиони евра за да може тие трошоци да се исплатат. Форс Индија се одлучиле за брзо решение на проблемот поради долговите од 9,6 милиони фунти и можеле да изгубат повеќе вредни инженери.

Администраторите објавија дека за тимот имало 5 понуди, а само една била заинтересирана да го спаси бизнисот, а таа била понудата на Рејсинг Поинт додека другите биле само заинтересирани да го купат имотот на компанијата. Поради интересот за зачувување на бизнисот Рејсинг Поинт биле избрани како најдобри.

Доколку не се прифатела понудата на Рејсинг Поинт тогаш ќе се одело на продажба на имотот. Рејсинг Поинт позајмиле 15 милиони фунти на тимот и со тоа се отплатил претходниот долг кон БВТ.

Од тимот тврдат дека добиле пари за да ги исплатат кредиторите иако тоа не било барано од ФИА и Формула 1 за тимот да може да настапува под ново име. Најголеми кредитори на тимот се Мерцедес со 13.7 милион, Брокстон со 4 милиони и останати кредитори со кои се доаѓа до бројка од 28.7 милиони фунти.

Форс Индија отфрли гласини со кои се тврдеше дека Виџај Малиа има побарувања од 159 милион, всушност компанијата на Малија и другиот акционер Сахара должи 4.2 милиони фунти. Во моментов нема одлука дали за тие побарувања ќе се оди по судски пат и има две посебни тужби за наплата на побарувања и тоа за 10 милиони фунти и 8 милиони фунти. Првото судење почнува во јули 2019 година.


Рејсинг Поинт платиле 90 милиони фунти за Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>