Рејсинг Поинт следната година ќе биде новото име на Форс Индија, но се очекува болидот и тимот да останат доминантно офарбани во розева боја

Во Петокот при објавување на официјалната листа на учесници во Формула 1 од страна на ФИА беше објавено дека Форс Индија официјално ќе го промени името. Тимт настапуваше под тоа име од 2007 година кога доктор Виџеј Малиа го превзема Спајкер, кој претходно беше Мидланд, а беше основан како Џордан.

Ребрендирањето на екипата од Силверстон следува по превземањето на тимот од страна на Конзорциум предводен од Лоренс Строл кој го спаси тимот од пропаѓање. Откако пред белгиска Спа им беа одземени сите поени, на крајот тимот заврши на 7мо место во конструкторскиот поредок.

Розевата боја во тимот датира од почетокот на оваа година кога Форс Индија склучи долгорочен спонзорски договор со австриската компанија за технолијга поврзана со вода, БВТ. Во текот на последната трка од календарот која се возеше во Абу Даби, Отмар Шафнауер најави дека е 99% сигурен дека бојата нема да се промени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.