Ретровизорите тешко се фиксираат за хало

198

Иако ФИА појасни дека допушта ретровизорите да се фиксираат за системот за заштита на кокпитот, Технички шефови на две Формула 1 екипи сметаат дека тоа е многу тешко да се направи согласно правилата.

Пред Големата награда на Азербејцан, ФИА испрати техничка директива до тимовите за да појасни дека е можно ретровизорите да бидат фиксирани за хало, се додека останатите делови околу се во согласност со правилата. Многу тимови закачија аеродинамички крила на хало за да ја подобрат циркулацијата на воздухот околу болидот.

Џејмс Алисон, техничкиот шеф на Мрцедес како и Главниот инженер во Ред Бул, Пол Монган сметаат дека е многу тешко да се фиксираат ретровизорите на хало и да се остане во рамки на правилата.

Добро е што во моментов има јаснотија околу тоа дали смееме или не смееме да ставаме ретровизори на хало. Доколу некој се обидува да го следи тој развоен пат и да проба да се движи согласно таа техничка регулатива, ќе видиме на следните неколку трки дали и како успеал. Мислам дека е многу тешко да се следат правилата и да се “ќари“ од таквото позиционирање на ретровизорите – смета Монаган од Ред Бул.

Не се работи за промена на правилата, туку за појаснување на актуелно правило, но како и да е многу е тешко да се следи истото. Тешко е да се прикач иретровизор на тој начин без своевиден меур околу него и при тоа да се задволат сите критериуми од техничката регулатива – дополни Алисон.


Ретровизорите тешко се фиксираат за хало

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>