Тимот на Рено Спорт Ф1 се надева дека ќе успее во својата цел да промовира млад возач во Формула 1 до 2021 година, истакнувајќи дека мали чекори веќе се превземени.

По нивното враќање како фабричка екипа во 2016 година, Рено направија големи измени во својата јуниорска структура со идеја да вклучат повеќе млади возачи во нивната постава.

Возачот од Формула 2 серијата, Џек Аиткен, изведе официјални тестови за тимот минатата сезона и го задржа своето место во пониската серија и за 2019 година. Други членови на академијата, Макс Февтрел и Антоан Хубер, ги освоија титулите во Формула Рено Еурокупот и ГП3 серијата за успешна година за програмата.

Директорот на академијата, Миа Шаризман, истакна дека долгорочната цел на програмата, поставена во Февруари 2016 година, е да промовираат возач во Формула 1 до 2021 година и истакнува дека моментално тие се движат во насока да го постигнат тоа.

Како што привршуваше годината, тоа означува и крај на трета успешна година за Рено Спорт Академијата и крај на првата од двете фази на програмата.

Гледајќи кон сезоната, едноставно е да се каже дека сите сакаме совршена година, но понекогаш тоа не е веројатно. Освојување на титулите се подобрите моменти за младите возачи, нивните тимови и за развојната програма. Но не е секогаш само за победите, повеќе за начинот на кој се освојуваат.

Постојат моменти во сезоната кога сваќате кои возачи сакате да ги развивате повеќе во иднина. Целта на академијата од секогаш била долгорочна. Да се има возач од академијата во Формула 1 до 2021 година.

Правиме мали чекори и во овој момент ги постигнуваме нашите цели. Возачите започнуваат да остваруваат значајни улоги во тимот и тоа ќе продолжи да се развива.

Моменталното дуо на Рено, Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо, имаат договор до крајот на 2019 односно 2020 година, што ја отвора можноста за млад возач во блиска иднина.

Сцената сега е поставена за втората фаза во развојот на академијата. Веруваме дека имаме возачи кои ќе созреат во дадената временска рамка, паралелно со вториот дел од развој на Формула 1 тимот.

Тајмингот е правилен со возачите кои ги имаме, нивото на тркање во наредните години и долгорочните цели се достапни – додаде Шаризман.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.