Тимот на Рено поднесе протест против Роман Гросжан и легалноста на неговиот болид по Италијанското Гранд При.

Гросжан се пласираше на шесто место во Монца, резултат кој го доведе Хаас пред Рено во генералниот пласман на четвртто место.

Рено освои само 2 поени со пласманот на Карлос Саинз на деветто место, но е позади американскиот тим, откако имаше удобно водство пред неколку трки. ФИА повика претставници од двете екипи поради протестот на Рено.

Изјавата на Рено гласи:

Можеме да потврдиме дека екипата на Рено поднесе барање до стјуардите за разгледување на легалноста на болидот Хаас. Немаме дополнителни коментари за ситуацијата додека стјуардите не донесат одлука.

Директорот за трки при Ф1, Чарли Вајтинг, изјави за медиумите дека протестот е насочен кон мал детал на задниот дел од подот на болидот. Хаас беа директно нападнати сезонава поради нивната соработка со Ферари и дизајнот на нивниот болид, а Мекларен и Форс Индија сугерираа дека ФИА треба да спроведе истрага.

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, истакна дека протестот го изненадил.

Не знам. Го видов протестот. Во ред е, ќе ги сослушаме и потоа ќе видиме што ќе се случи. Не знам што сакаат. Нас не изненади целата ситуација – вели Стаинер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.