Рено со петочна сесија за Маркелов во Сочи

49

Развојниот и тест возач на Рено, Артем Маркелов ќе дебитира на петочен официјален тренигн на Гранд При викенд на својата домашна трка во Русија, објавија Рено. Русинот ќе го превземе болидот на Карлос Саинз во воведните 90 минути на Големата награда на Русија.

Ова е најдобриот роденденски подарок што можев да го добијам и решен сум максимално да ја искористам можноста која ми се дава. Да се биде дел од Формула 1 тимот на Рено ми помогна како тркачки возач да научам многу, а сега сето тоа ќе го искористам на тренинг сесијата во Сочи – најави Артем.

23-годишникот кој лани заврши на второ место во Формула 2 серијата, зад шампионот Шарл Леклер, веќе возеше овогодишен болид на Рено, но тоа беше на тестот по Унгарското Гранд При на хунгароринг.

Среќни сме што ќе му дадеме можност на Артем да седне во Рено РС18 на неговата домашна трка. Тој веќе возеше за нас годинава и е вреден член на нашата екип.

Тој докажа на сезонскиот тест во Будимпешта дека заслужува можност и ние сме нетрпеливи да го видиме на првата тренинг сесија во сочи – откри Сирил Абитбул.

Во моментов Маркелов е на 5то место во јуниорската Формула 2 серија, а минатата недела неговото име се споменуваше како кандидат да го пополни евентуалното празно место во Вилијамс догодина.


Рено со петочна сесија за Маркелов во Сочи

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>