Рено сметаат дека не се виновни за судбината на Окон

83
   

Од Рено сметаат дека не треба никој да ги обвинува за тоа што Естебан Окон нема Формула 1 седиште следната година, откако франузинот беше во комбинација за место во фабричката екипа, но тие се решија за Даниел Рикардо.

Мислам дека Естебан во моментов е во ситуација во која се најде поради низа околности, а Рено е само мал дел од сето тоа. Секако дека и ние имаме удел, но многу мал и не би требало тоа да се преувеличува. Не треба да заборавиме дека Мерцедес самите одлучуваат за своите возачи, не треба да ја забораваме ситуацијата на Форс Индија и дека Мерцедес придонесе за тоа.

Тото Волф минатата недела откри дека Рено му посочиле да не “брка“ место за Окон во Мекларен, затоа што тие го сакале возачот кај себе. Тоа бил договор со обично ракување кој не се оствари.

Не сакам да додавам ништо и повеќе да ја зачинувам таа приказна затоа што ќе се одолговлекува во недолгед. Гледам дека Тото за прв пат во Формула 1 се мачи со нешто во ситуацијата во која е. Никогаш не сум негирал дека сме се интересирале за Естебан и дека тоа ќе продолжи и во иднина.

Тоа што е сигурно е дека нема потпишано договор, во спротивно Тото ќе го откриеше. Ќе повторам само дека не сакам да се преувеличува влијанието на Рено во ситуацијата на Окон – заврши Абитебул.


Рено сметаат дека не се виновни за судбината на Окон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>