Рено се “колатерална штета“ во борбата на мотори

189
   

Од Рено сметаат дека станале “колатерална штета“ во борбата на мотори помеѓу Мерцедес и Ферари годинава. 

Францускиот производител ја започна 2018 година силно и изгледаше дека се поставиле себе си како водечка екипа позади челната тројка пред летната пауза.

Но, нивната форма од скоро е падната, а на Јапонското Гранд При, Нико Хулкенберг изјави дека тимот веќе не е доволно брз за да се бори со нивните главни ривали.

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, вели дека неколку фактори придонеле кон нивниот пад, но главен помеѓу тие е напредокот кој го направиле нивните конкуренти, додека тие се одлучиле да користат постара спецификација.

Гледаме дека сме во многу блиска борба во средината, а повеќето болиди околу нас искористуваат од развојот на врвните тимови, Мерцедес и Ферари, кои пак се во сопствена борба на развој на мотори.

Според мое мислење, ние сме колатерална штета. Ги гледаме колатералните последици и ефектот од тоа што Ферари во еден момент имаа предност над Мерцедес, а потоа имаше силен развој од Мерцедес да ги достигнат.

Според моменталните правила, ова има позитивен ефект над другите клиентски тимови, како Форс Индија, Хаас и Заубер, кои користат од таа битка на врвот.

Ние сме изолирани. Не е проблем бидејќи сме производиттел, имаме целосна одговорност, но мора да напреднеме со се – вели Абитебол.

Сирил верува дека ситуацијата со моторот го сокрила напредокот на тимот со шасијата, иако смета дека тимот треба да провери како функционираат некои од подобрувањата.

Шасијата напредува, но не со стапка која може да компензира во однос на развојот на врвните тимови или пак за недостатокот на напредок кај моторот, бидејќи спецификацијата на агрегатот не е сменета од Монтреал.

Дополнително, болидот не е на својот максимум бидејќи имавме многу еволуции. Можеби треба да ги анализираме некои од тие и можеби имаме некои кои не функционираат, така што тешко е да се донесе конечен заклучок. Но фер е да се каже дека не сме среќни во моментов.

Гледаме дека не може да дозволиме да не напредуваме во развојот на моторот и моментално ги разгледуваме целите за наредната сезона, а тие цели ќе бидат екстремно агресивни.

Од страна на шасијата мора да прифатиме дека тоа е долгорочен процес, а во Енстон растеме многу брзо. Но, не е само до големината, се работи за тоа како луѓето комуницираат помеѓу себе, а Марцин Будковски сега е во целосна контрола на Енстон.

Тој ја води трансформацијата за Енстон, што не е само план за раст. Мислам дека до сега премногу се фокусиравме на раст. Не е само до растот. Потребна е ефикасност, а тоа ќе биде негов фокус наредната година – изјави Абитебол.


Рено се “колатерална штета“ во борбата на мотори

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>