Фабричкиот тим на Рено ја зголеми разликата пред американците од Хаас во конструкторскиот поредок, зацврстувајќи се на 4то место со 20 поени позитива на две трки пред крајот на првенството.

Нико Хулкенберг ја заврши трката во Мексико Сити на 6та позиција и со тоа донесе доста поени кај Рено. Германецот имаше одлична трка во Мексико и сега е на 7мо место кај возачите со 12 поени предност пред Серхио Перез од Форс Индија кој не ја заврши трката.

Французите продолжи со серијата на бодови и сега се на 20 поени пред Хаас со кои водат борба за четвртото место кај конструкторите во вториот дел од првенството. Американскиот тим не успева да освои поени во последно време, а големата надморска височина на Ерманос Родригез воопшто не им одговараше.

Имавме одлични два викенда со доста поени. Од моја страна имав мирна и осамена трка. Менаџиравме со болидот и со гумите и тимот заврши одлична работа – изјави Хулкенберг

Неговиот шеф Абитебул додаде:

Видовме дека Рено беше на врвот на подиумот со Ред Бул. Имаме одлично темпо и добри перформанси и ќе продолжиме со напорната работа.

За разлика од германецот, Карлос Саинз не ја заврши трката откако болидот му се изгаси без предупредување.

Водевме во средината од поредокот се додека не се исклучи болидот. Беше фрустрирачки откако имав одличен старт. До сега не сме имале проблеми со издржливоста, но тоа се случува. Ќе видиме што е проблемот и ќе продолжиме понатаму. Ќе продолжиме со борбата и ќе целиме поени за да го освоиме четвртото место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.