Рено го зацврсти своето 4то место во борбата за најдобри од останатите кај конструкторите, но фрустрации имаше нивниот возач Карлос Саинз. Нико Хулкенбег успеа да освои добри поени благодарение на своето 6то место, иако заостана два кругови за победникот, но француската фабричка екипа направи предност од 30 поени во поредокот.

Шпанецот Саинз беше пред Нико со својот РС18 болид, но не успеа да ја издржи целата трка поради дефект.

Штета, водевме во средината од поредокот со голема предност, но без никакво предупредување болидот откажа. Фрустриран сум затоа што имав одличен старт, одличен прв круг, но не и трка.

Немавме многу дефекти сезонава, но кога имаме тоа се случува кога сме во најдобра можна позиција така што имаме многу лоша среќа. Ќе го истражиме проблемот, но ќе продолжиме дасе бориме со цел да стигнеме до колку што може повеќе поени на последните две трки и да го обезбедиме тоа 4то место кај конструкторите. Заслуживме повеќе, но барем Нико освои убави поени – смета Саинз.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.