Главниот инженер за трка во Рено, Циарон Пилбим, смета дека Сингапурското Гранд При прави голем притисок врз задните гуми, особено во последниот сектор од патеката. Формула 1 се сели на Марина Беј претстојниот викенд, патека која е позната по тоа што е една од најтешките на календарот, придружена со голема влажност и високи температури.

Викендов Пирели ги понуди двете најмеки компоненти во својата гама, а хиперсофт ќе биде најпосакувана гума за возење. Францускиот фабрички тим за своите двајца возачи зема по три сетови софт, два сетови ултрасофт и осум сетови најмек хиперсофт.

Патеката Марина Беј е целосна промена во однос на претходните трки кои се возеа со минимална потисна сила, така што ќе треба адаптација. Градската патека речиси целата е со бавни кривини и блиски бариери така што болидите мора да користат максимална потисна сила.

Исто така, асфалтот е тежок за гумите со силните запирања и барањето за што поголема тракција на задните гуми кои често прегрејуваат што е проблем особено во последниот сектор со серијата лево-десно и десно-лево кривини.

Во исто време ова е и временски најдолга трка на календарот, а влажноста бара физички силно подготвени возачи – изјави Пилбим.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.