Рено сака да остане со Ред Бул

75

Сирил Абитебул, шефот на Рено, верува дека промена на доставувачот на мотори во Ред Бул, ќе ги загрози нивните шанси за титула во блиска иднина. Екипата од Милтон Кинс ги разгледува опциите за 2019 година и понатаму, дали да премине и да користи мотори од јапонска Хонда или да ја продолжи долгогодишната соработка со француски Рено.

Разбирам што сакаат да постигнат, разгледуваат техничка и комерцијална страна затоа што дефинитивно е различно да останат муштерија на Рено и да станат фабричка екипа на Хонда. Тоа се две многу различни работи, но искрено што се однесува до мене имаат избор да останат со нас ако сакаат да станат прваци повторно. Сепак, не можам да зборувам од името на Хонда.

Со тоа што го имаат на располагање од нас во моментов, со штоа го имаме планирано и нивната шасија, дефинитивно ќе имаат одличен болид, можеби најдобар на гридот и поради тоа имаат шанса да станат шампиони повторно во слдните две години – појасни Абитебул за Sky.

Рено и Ред Бул 4 години по ред од 2010 година освојуваа двојни титули, но во новата турбо хибридна ера не се согласуваат најдобро поради недостатокот на резултати. Сирил смета дека нивното минато е со голема вредност, но и дека тимто од Милтон Кинс е одличен репер за нивната фабричка екипа.

Одлуката е комплексна, како за нив, така и за нас. Можеби јас сум емотивен, но работам 12 години со нив, рабоам со Кристијан Хорнер и Хелмут Марко и не сакам да го загубам тоа. Искрено, во создавањето на екипата на Рено, сеуште сме заинтересирани да ги имаме Ред Бул како репер да видиме до каде сме.

Знаеме што треба да направиме ако се споредуваме со нив. Тиа покажаа дека Рено мотор може да победи на трка така што се добар знак за тоа што се работи во фабричката екипа, дали напредуваме и каде напредуваме – заврши Сирил.


Рено сака да остане со Ред Бул

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>