Рено прилично задоволни со квалификациите

84

Од екипата на Рено сметаат дека направиле уште еден добар чекор напред, откако и Нико Хулкенберг и Карлос Саинз се пласираа во топ 10 од квалификациите во Азербејџан.

Можеме да бидеме прилично задоволни со квалификациите. Среќни сме со двата болида во топ 10. Нашата конкуренција за четврто место во првенството е позади нас, што не поставува во силна позиција. Но мора да се концентрираме на нашата трка и на средината, што е екстремно блиска – изјави Алан Прост.

Хулкенберг ја заврши сесијата на 9то место, но ќе стартува од 14та позиција поради грид казна поврзана со замена на менувачот. Со тоа, Карлос Саинз ќе стартува едно место понапред, односно 9.

Казната за менувачот навистина ми штети. Добра вест е што тука можеме да претекнуваме, а знаеме дека ќе има и безбедносно возило.

Мора да ја имаме најдобрата стратегија и да се бориме силно. Да видиме што можеме да направиме – изјави Хулкенберг.

Покрај казната, проблемот со менувачот го чинеше Хулкенберг драгоцено време на патеката. Тоа значи дека германецот сеуште не го постигнал максималниот потенцијал околу Баку.

Изгубивме време утринава, така што можеме да бидеме задоволни со пласман на двата болида во топ 10. Балансот на болидот сеуште не е како што треба, но понекогаш ситуацијата е таква. Можеме да бидеме среќни бидејќи го дадовме максимумот, а исто ќе биде и во трката – додаде Хулкенберг.

Саинз имаше понормален викенд досега и е среќен што ќе стартува во топ 10.

Квалификациите беа добри, немав совршен прв сектор, но двата болида во К3 покажува добра постојаност и добра работа од тимот.

Во трката ни е потребен чист старт и целта е да бидеме во поени. Може повторно да биде хаотична трка и треба да бидеме подготвени да ги искористиме шансите – изјави Саинз.


Рено прилично задоволни со квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>