Рено потврдија дека пргеговараат со Саинз

97

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, потврди дека екипата веќе започнала преговори со Карлос Саинз за да продолжи да ги користи неговите услуги по крајот на сезонава, откако вози за Енстон како позајмен возач од Ред Бул.

Иако французите биле свесни во што се впуштаат кога го позајмиле шпанецот, Абитебул појасни дек сакаат што поскоро да дознаат какви се плановите на Карлос.

Во моментов имаме двајца одлични возачи, иако со Карлос сме во тешка ситуација. Не можеме да му понудиме договор за следната година, но го знаевме тоа кога ја почнавме “авантурата“ со него – појасни Сирил.

Ред Бул лани потенцираа дека возачот ќе остане во екипата само една година, така што во моментов Рено е во прилично тешка ситуација.

Не сме во добра позиција, но мораме да го прифатиме тоа и да одлучиме некои работи. Една од тие работи е пазарот на возачи кој сакаме целосно да го решиме во најкус рок.

Мораме да размислуваме неколку чекор однапред и поради тоа веќе почнавме да разговараме со Саинз за долгорочна соработка. Разгледуваме што ќе се случува по крајот на сезонава – заврши Абитебул.


Рено потврдија дека пргеговараат со Саинз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>