Рено планира замена за Саинз

315

Од екипата на Рено нема да чекаат на одлуката на Даниел Рикардо околу неговата иднина за да бараат потенцијална замена за Карлос Саинз. 

Саинз моментално е на заем од Ред Бул, кои пак би можеле да го побараат назад на крајот на сезоната доколку Рикардо си замине од екипата.

Мора да направиме планови, мора да бидеме подготвени за најлошото. Најлошо за нас е што сакаме Саинз да остане, а тоа да не биде возможно. Може да се случи. Мора да планираме.

Веќе почнавме со работа на болидот за наредната сезона, се состанавме со Карлос минатата недела и разговаравме околу плановите за понатаму, целите и слично, раниот концепт на болидот за 2019.

Јасно е дека не размислуваме тој да замине. Може да се случи, но не сакаме да си наштетиме на перформансите преку ограничена соработка со него – изјави Сирил Абитебол.

Саинз, кој се приклучи на Рено како замена за Џулион Палмер, досега е поразен во квалификациите од Хулкенберг на секоја трка од сезонава, а има само 3 освоени поени споредено со 22 на германецот.

Абитебол признава дека младиот возач малку заостанува, но има целосна подршка од Рено.

Не би било во ред да пресудуваме по само 3 трки, премногу е рано. Но тоа сепак кажува многу околу квалитетот на неговиот тимски колега, а тоа е мошне позитивно. За понатаму ќе видиме. Имаме време да размислуваме околу Карлос. Нема да ги одложиме нашите процеси околу алтернатива, доколку не сме во ситуација повеќе да соработуваме.

Моја одговорност е да осигурам конкурентни возачи за наредната година и да ги презентирам најдобрите опции пред нашиот тим во наредните недели и месеци – додаде Абитебол.


Рено планира замена за Саинз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>