Претседателот во заминување на Рено спорт, Џером Стол, постави подиуми како цел за француската фабричка екипа во 2019 година.

Цел на Рено за сезонава беше приближување до топ 3 екипите и иако завршија на 4то место во поредокот, не се задоволни од развојот и напредокот во перформансите што сметаат дека требало да биде подобро.

Стол ја напушта функцијата на крајот од оваа година и откри дека потцениле колку е тешка Формула 1 откако го купија и превземаа тимот на Лотус на крајот на 2015 година.

многу ја потценивме состојбата во која се наоѓаше тимот. многу луѓе заминаа, инвестиции имаше премалку и знаевме дека ќе биде тешко, но завршивме во многу потешка ситуација одошто очекувавме – објасни Џером за француски Auto Hebdo.

Французите прават огромни напорни и вложуваат многу средства во реструктурирањето на тимот и враќање на победничките патеки.

благодарение на сирил абитебул кој дава огромен мотив, ние стануваме екипа со посебен идентитет и тоа е нешто на што сум горд.

бевме на 9то место во 2016 година, бевме 6ти лани, а 4ти оваа сезона што е прв чекор на поставување здрави и цврсти темели. следниот чекор за нас е подиум – нагласи сирил.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.