Рено очекува напредок со новото гориво

200

Рено очекува дополнително засилување на перформансите од новото гориво кое ќе го добијата за време на Шпанското Гранд При, потврдува тимскиот шеф Сирил Абитебул. Французите на некоклу трки сезонава го предводеа поредокот, а нивниот долгорочен проект има крајна цел шампионска титула.

Во моментов Рено е на 5то место кај конструкторите со само поен заостаток зад Алонсо, но Сирил е голем оптимист за она што следи.

Нашиот напредок јасно се гледа низ податоците на неколку начини, на пример заостатокот од пол позицијата се преполови во однос на лани, а на стартот од европскиот дел на сезоната ни треба консолидација на перформансите.

Во Шпанија очекуваме дополнително подобрување на страната на моторот со ново гориво и некои нови аеродинамички додатоци кои ќе ни ги подобрат перформансите. Се надеваме дека ќе напредуваме, иако знаеме дека и другите екипи ќе носат новини во Барселона, тоа го знаат сите.

Треба да притискаме за поени и за тоа 4то место кај конструкторите кое ни е во досег, иако очекуваме жестоко да се бориме за истото. Целта е да останеме издржливи и да остојуваме поени на секоја трка – смета Абитебул.

Охрабрување има и кај техничкиот шеф, Боб Бел, поради подобрите перформанси годинава.

Имавме успешен тест без дефекти и тоа се гледа и по првите четири трки од сезоната кога констатно освојуваме поени. Перформансите се на ниво на кое што сметавме дека ќе бидат по зимскиот тест.

Имаме стабилна платформа што е одлично место за да се развива дополнително болидот и да се направи подобар како што одминува првенството. Самодовербата е на високо ниво и ќе се бориме да бидеме онаму каде што сакаме.

Никогаш не е лесно. Тешко се добиваат битките, но мораме да притикаме силно цела година во однос на развојот за да ги стигнеме оние пред нас, а во исто време да ги задржиме останатите зад нас. Во добра позиција сме и имаме одлична платформа – појасни Бел.

Доставувач на гориво и масло на фабричкиот тим на Рено е БП Кастрол, кој исто така се и партнер на Мекларен, додека Ред Бул користи производи на Мобил 1.


Рено очекува напредок со новото гориво

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>