Рено очекува многу од новините за Сингапур

124

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, вервуа дека французите ќе ја повратат позицијата најдобри од останатите на следната трка низ улиците на , патека кој французинот смета дека одговара на карактеристиките на РС18 болидот. Фабричката екипа се мачеше на брзите Спа и Монца, конфигурации кои бараат мала потисна сила, од Белгија се вратија без поени, додека од Италија Саинз донесе 4 поени со своето 8мо место.

Спа и Монца знаевме дека нема да ни одговараат поради нивните карактристики, но и казните со кои моравме да се соочиме, некои стратешки, некои предизвикани од возачите. тоа е зад нас, во Монца се вративме во поени и имавме нормални перфоанси, но ја почувствувавме силината на конкуренцијата. Средината е многу збиена и мораме да се оптимизираме на секој настан за да ја задржиме предноста и да напредуваме – смета Абитебул.

Историски гледано, Рено имаат добри резултати на сингапурската Марин Беј патека низ богатиот град-држава.

Нетрпеливи сме за Сингапут, патека која веруваме дека ќе одговара на нашиот пакет. Никогаш не може да знаеме што ќе направи конкуренцијата, но знаеме дека ќе донесеме уште некои новини за дополнително подобрување на перформансите на трката. Исто така, на таа патека се видливи перформанси на возачите така што веруваме дека тие ќе си ја завршат својата работа.

Сирил објасни дека освен борбата која се води со конкурентите за задржување на 4то место во поредокот и напредок на сегашниот болид, дизајнерите и инженерите со полна пареа работат и на наследникот на РС18.

Колку што е важна моменталната позиција во поредокот исто така мораме да се посветиме и на следниот болид. Се тркаме сезонава и паралелно го развиваме РС19 болидот со кој ќе се тркаме догодина, внимателно менаџирајќи со ресурсите.


Рено очекува многу од новините за Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>