Новиот директор на Рено, Марцин , призна дека тимот не го развивал ланскот болид доволно добро како претходните години кога пвоеќе напредувале.

Французите се вратија со фабрички тим во спортот во 2016 година, а шефот на компанијата, Карлос Гхосн, најави дека ќе им требаат три години за да се вратат на нивото на кое беа со Фернандо Алонсо во 2005 и 2006 година. 2018 година заврши, а тие сеуште се зад големата тројка со значителен заостаток.

можевме да имаме подобри резултати лани ако се фокусиравме на краткорочен развој на болидот. но, тоа не беше нашата цел, ние гледаме подалеку, не земаме само ветерани, туку млади луѓе кои директно од универзитетите ќе внесат свежина, инвестираме во иднината и на специфичен начин го градиме тимот.

секако дека титулата е единствена работа која не интересира и сакаме да изградиме тим за да го оствариме тоа.веќе три години ја градиме екипата, притискаме за да дојдеме на врвот. не испорачавме тоа што го планиравме лани во однос на развојот во однос на претходната година.

да не заборавиме дека нашиот застој се должи на тоа што се обидуваме дополнително да се доближиме. не успеавме да имаме побрз развој само од мерцедес, ферари и ред бул – објасни будковски.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.