Нико Хулкенберг откри дека фабричката екипа на Рено одбрале да стартуваат повисоко на гридот наместо да не влезат во К3 намерно и со тоа да добијат слободен избор на гуми, како што направи Форс Индија. Французите имаат силен ритам во Мексико, Карлос Саинз и Нико Хулкенберг ќе ја почнат трката од 4от ред, но со хиперсофт компонентата која многу брзо деградира во Мексико.

Размислувавме за стратегијата и сметаме дека е подобро да имаме повисока позиција на патеката пред стартот и да менаџираме потоа. Викендов не е воопшто лесен, сигурни сме во тоа.

Но, не сум убеден ни дека останување надвор од К3 и слободен избор на гуми носи предност, така што решивме да максимизираме на квалификациите. Хиперсофт е гума која бара многу менаџирање и не трае долго споредено со другите компоненти, но ќе дадеме се од себе – најави Хулкенберг.

Шпанецот Саинз откри дека надуправувањето му одзело многу од брзината која можел да ја има во К3 сесијата.

Потврдивме дека сме во подобра позиција од претходните трки и најдовме повеќе перформанси од болидот така што сме среќни и задоволни поради тоа. Од лична гледан точка, моите квалификации можеа да бидат и подобри затоа што се мачев со балансот на болидот и имав доста надуправување.

Не бев целосно задоволен со болидот, но успеав да дојдам до К3 сегементот. Сакавме и повеќе и ќе се бориме за да осигураме успешен резултат и двојни поени – објасни Карлос.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.