Рено носи подобрено турбо

98
   

Рено се надева дека модификациите за Британија ќе ја подобрат издржливоста на нивниот турбо полнач откако истиот беше причина за откажување на Нико Хулкенберг во 14от круг на Ред Бул Ринг. На ова подобрување се работело уште од трката во Кина, кога Рикардо имал сличен проблем.

Турбо полначот не бил променет во новата спецификација која французите ја донесоа во Монтрал, така што Нико имал исто турбо како и она кое откажа на болидот на Рикардо во Шангај.

Тоа не беше ново турбо, моторот беше нов, но спецификацијата на турбото не беше нова, беше иста како и претходно. Сепак, превземавме некои мерки кои ќе ги имплементираме во Силверстон согласно планот.

Знаевме дека го имаме тој ризик по откажувањето на болидот на Даниел во Шангај, но во Австрија беше единствен пат тој проблем да ни се повтори. Турбо полначот на Нико дефинитивно не може да се користи, но останатите компоненти не би требало да имаат никаков проблем – смета Сирил Абитебул.

Со промена на турбо полначот тоа ќе биде негов трети сезонава, но Абитебул открива дека сето тоа е согласно планот.

Планиравме да користиме четири мотори сезонава за да се задржиме во развојната трка и да претставиме Ц спецификација која ќе ни даде подобри перформанси. Но, тоа што ни се случи во Австрија е неприфатливо и мораме да работиме на истото.

Засега оваа промена нема да ни донесе казна, но во вториот дел од сезоната очекуваме казни кои треба тактички добро да ги исланираме.

Во врска со новиот кинетички МГУ-К дел кој беше промовиран во Австрија, Сирил е задоволен од неговите перформанси.

Ситуацијата беше таква што Мекларен одбра да го земе новиот дел, додека Ред Бул ќе добиеше казни поради тоа и се одлучи за постоечката специфиакцаија.

Немавме проблеми со новиот дел, болидот беше полесен и можевме да го донесеме поблиску до лимитот, а имаше и подобра дистрибуција на тежината така што позитивните ефекти беа двојни. Промената на МГУ-К делот бара и промени во инсталацискиот дел, но не значи дека Ред Бул нема да го користи новиот кинетички дел на некоја од следните трки во иднина.

Во врска со квалификациските модови за кои на големо се пишуваше по медиумите, Сирил смета дека тоа не е голема работа и не би се кренало толку врева доколку Кристијан Хорнер не направил голема фама од таа функција.

Квалификациските модови е нешто што немаше да го “рекламираме“ доколку некој друг не го споменеше. Тоа е сеуште во развој и не очекуваме да го преврти светот затоа што се работи за мало подобрување помеѓу многуте кои ги правиме.

Во нормални услови ќе ја задржевме таа информација за себе во внатрешната комуникација и немаше да креираме некакви големо очекувања.

Тоа е уште една причина за начино на комуникација затоа што и тој дел како производител мораме да го контролираме – заврши Абитебул.


Рено носи подобрено турбо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>