Рено не сакаат Форс Индија да стане Б-екипа на Мерцедес

26

Рено, Мекларен и Вилијамс се против промената на сопственоста во Форс Индија, а BBC Sport пренесува дека Рено сакале гаранции дека со промена на сопственоста тимот нема едноставно да стане втора екипа на Мерцедес.

Таква Формула 1 не сакаме. Морам да признаам дека по малку сме исплашени од тоа затоа што на тој начин ќе стане невозможно за некој кој нема огромна поддшка од голема екипа да се трка на врвно ниво. Во денешната Формула 1 почнуваме да гледаме делови од таквата тркачка серија согласно развојот на шасиите и моторите на кои сме сведоци.

Треба да се осигураме дека таквата навика нема да стане пракса во спротивно нашиот модел нема да се покаже добар, а учеството финансиски неиздржливо – смета Сирил Абитебул од Рено.

Французинот сака гаранции од сопствениците на спортот, американците од Либерти Медиа, дека големата поддршка од фабричка екипа нема да стане пат кој сите ќе го следат во спортот.

Ќе се осигураме дека нитуе едно работно место не е под закана, но само сакаме да ја разбереме визијата на сопственикот на комерцијалнит еправа во врска со насоката во која се движи тркачката серија. Единствена работа за која сакаме да имаме чистина е го разбереме начинот на кој помали и поголеми екипи денеска добиваат предност од сегашните или иднинте правила.

Нема да ја блокираме продажбата на Форс Индија затоа што сакаме луѓето да останат на работа, но сакаме гаранции дека тоа ќе биде случај.


Рено не сакаат Форс Индија да стане Б-екипа на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>