Рено се скептични околу новите аеродинамички правила за оваа година кои треба да го подобрат следењето и да го олеснат претекнувањето во тркачката ерија.

Промените на правилата ги натераа тимовите да дизајнираат целосно нови аеродинамички пакети за 2019 година, а целта беше повеќе претекнување со поедноставни крила, предимно во предниот дел од болидот. Рос Браун најави дека може да се очекува 20% подобрување на блиската борба годинава, но францзуте од Рено не сметаат така.

прво да кажам дека ние бевме против помената на правилата. гласавме против тоа и јавно објаснивме зошто, не веруваме дека ќе се постигне саканата ццел што е олеснување на претекнувањето. сметаме дека ќе се подобри, но малку, минимално, незначително.

сметаме дека ќе се потрошат многу ресурси, многу пари, многу работа за многу нејасна и минорна цел. на хартија е вистинска насока на движење кон 2021 година, но разликата ќе биде мала во однос на аеродинамичките перформанси. претекнувањето и следењето по нас речиси и нема да има разлика.

но, доколку нашите податоци и симулации не се точни иодеднаш имаме многу полесно следење и многу претекнување, тогаш ќе бидеме задоволни, иако сме погрешиле. но, податоците со кои располагаме не велат така – објасни марцин .


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.