Рено нема да го чека Ред Бул до Австрија

248

Рено нема да ги чека Ред Бул до Големата награда на Австрија за да одлучат околу снабдувачот со мотори следната тркачка сезона. Првичниот краен рок беше до крајот на Мај, но французите дадоа дополнително време. “Биковите“ сакаат во Канада и во Франција да ги споредат перформансите на Рено и Хонда и на крајот од месецов да одлучат со каков мотор ќе возат догодина.

Јасно е дека ќе мораме да извлечеме доста информации од овој викенд, веројатно исто и од Франција по што ќе мораме да донесеме заклучок потоа – најави Хорнер.

Но, оперативниот директор на Рено, Сирил Абитебул, смета дека Австрија е предоцна за нив и сака одлука до престојното Француско Гранд При ко е е на програмата за две недели.

Мислам дека сега ги имаат сите информации кои им требаат и не гледам зошто понатаму да ја одложуваат одлуката. Согласно правилата крајниот рок е 15 Мај, а ние се согласивме да го продолжиме тој рок поради долгогодишната успешна соработка која ја имем со екипата. Но, по одредена точка, понудата која ја доставивме нема повеќе да важи. Првично сакаа во Монтреал да анализираат до каде е нашата нова спецификација и новата спецификација на Хонда. Ги имаат информациите и мора да решат.

Не сме во можност да чекаме до трката во Австрија затоа што мораме да почнеме со набавка на делови за следната година, а веќе заостануваме. Вообичаено разговараме по секој викенд, не го правиме тоа во Недела поради емоциите, туку оставаме да мине некој ден – јасен е французинот.

Абитебул стави јасно до знаење дека лично тој сака да ја продолжи соработката со Ред Бул, сметајќи дека тимот од Милтон Кинс може да освои титула следните две години доколку остане со нивните мотори.

Работиме напорно, но мора да ни се дадат прифатливи услови и нас, почнувајќи со тајмингот. Не сакам да шпекулирам со дати затоа што ќе почнете да ме прашувате до каде сме како што се приближува тој датум.

Во главата имам датум, знам датум, но не зборуваме за Австрија и тогаш ќе мора директно да преговараат со Хонда. Сакаа понуда, добија понуда и истата може да ја прифатат во следните неколку денови.


Рено нема да го чека Ред Бул до Австрија

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>