Рено откри дека придобивките од моторот за 2019 година се големи како никогаш до сега.

По сезона во која францускиот фабрички тим заврши на 4то место во поредокот и беа најдобри од останатите, во Вири и Енстон се свесни дека има треба здрав напредок за да почнавлезат во дуел со трите најсилни екипи на гридот. Сирил не гледа дзнаци на забавување во развојот на екипата и најавува силни подобрувања.

ако погледнам, гледам забрзувања и подобрувања секаде. придобивките на страната на моторот се многу поголеми од било кога претходно, а и во воздушниот тунел гледаме подобар болид во сите аспекти.

но, мораме да бидеме многу внимателни со аеродинамичките тестови во воздушниот тунел затоа што има голема промена во правилатa, ќе се случи ресетирање, ќе загубиме голем дел од потисната сила и ќе треба да најдеме начин да ја вратиме истата.

поради тоа, тешко е да се направи разлика што доаѓа од новите правила, а што како ефект од реструктуирањето на тимот, но со анализа на капацитетот на инженерингот, развојот, дизајнот и производството, се гледа дека подобрувања има секаде – објасни абитебул.

Сирил смета дека инвестирањето во рестуктурирање кое е направено од страна на Рено во Енстон конечно се исплати и поради тоа има здрави придобивки секаде.

болидот со кој работевме годинава добро покажува каде бевме пред 18 месеци. дел од нашиот персонал веќе подолго време работи на следниот болид поради што сум многу возбуден.имаме ниво и ресурси што според мене е доволно за она што сакаме да го направиме.

организацијата е стабилна, нови луѓе доаѓаат, а оние кои најдобро ја разбираат организацијата веќе ефикасно работат. се е позитивно иако предизвикот е огромен – заврши французинот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.