Рено мора да бидат паметни за да се одбранат од Хаас

71
   

Сирил Абитебул верува дека може да се одбранат од нападите на Хаас за 4то место во првенството, иако признава дека францускиот производител заостанува во перформанси.

Абитебул истакна дека ги гледал Хаас како конкуренти за 4то место уште од предсезонските зимски тестови во Барселона и според него тоа е сеуште случајот. Во Русија, Магнусен освои четири поени, додека возачите на Рено ниту еден.

Искрено, тие се грижа уште од предсезонските тестови во Барселона. Многу очигледно беше дека тие имаат конкурентен болид поради повеќе причини. Тие имаа полза од силните подобрувања на агрегатот на Ферари сред сезоната, што ги прави многу силен конкурент – вели Абитебол.

Сирил смета дека Рено мора да размислуваат стратешки се до крајот на сезоната со цел да го задржат местото во пласманот за првпат од 2008 година. Дополнително, французинот истакна неколку фактори кои може да му помогнат на Рено.

Размислувам околу формата, многу е јасно дека се побрзи од нас, така што ќе мора да размислуваме стратешки до крајот на сезоната.

Сеуште верувам дека имаме шанса да ја задржиме нашата позиција, но ќе треба добро извршување, добро возење од нашите возачи и добри подготовки од тимот за тоа да се случи.

Бевме многу блиску да освоиме повеќе поени од нив во Сочи, но изгубивме во стратегијата. Но ќе видиме. Ќе одиме трка по трка – додаде Абитебол.

Во Јапонија Рено нема освоено поени седум години, додека Хаас успеа да се пласира со двата болида во топ 10 минатата година.


Рено мора да бидат паметни за да се одбранат од Хаас

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>