Рено и Мекларен го прекршија „полицискиот час“

221
   

Рено и Мекларен беа приморани да ги прекршат правилата утринава во Сузука поради доцната испорака на маслото од БП/Кастрол од Европа.

На двете екипи им беше дозволено да го сторат истото поради околностите поврзани со временските услови кои се надвор од нивна контрола.

Поради невремето, аеродромот во Осака е затворен во последните недели, што доведе до пренасочување на товарите во Токио. Тоа доведе и до заостанување во царинските складови.

Дел од Формула 1 товарот наменет за Сузука “заглави“ поради тие одложувања, а за Рено и Мекларен тоа го вклучуваше маслото и течностите за хидрауликата.

Истите не пристигнаа на патеката до Четвртокот, што значеше дека ниту една екипа не беше во можност да ја помине својата регуларна програма. Ред Бул, муштериите на Рено, немаа такви проблеми, бидејќи снабдувач на тимот е Ексон/Мобил.


Рено и Мекларен го прекршија „полицискиот час“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>