Рено задоволни што се вратија на врвот од средината

76

Нико Хулкенберг и Карлос Саинз се вратија “во игра“ по тешкиот старт на викендот за Големата награда на Канада и денешната трка ќе ја почнат од топ 10. Германецот повторно се квалификуваше од неговото 7мо место како најдобар од останатите, иако смета дека можел некоја десетинка побрзо.

Задоволен сум со денешниот резултат. Некако бев на погрешна нога во пресрет на квалификациите поради тоа што нмав добро одработен Петок, но верував во болидот цел викенд. Мислам дека сме добро позиционирани, веројатно дека можев да извадам уште некоја десетинка од мојот К3 круг. Имаме максимална брзина и вообичаено добар пакет кога имаме многу гориво, така што ќе бидеме во борба за добра позиција и добри поени – смета Хулкенберг.

Карлос Саинз беше само 2 десетинки побавен од својот колега што беше доволно денешната трка да ја почне од 5от стартен ред, осносно од 9то место.

Среќен сум и задоволен од начинот на кој се одвиваа работите денеска. Оваа К3 сесија дефинитивно е благодарение на механичарите кои го средија болидот и направија невероајтна промена на моето турбо што ми беше од огромна помош на квалификациите.

Одлична тимска работса и сигурен сум дека ќе имаме одличен ритам утре, но трката ќе биде тешка особено поради тоа што ќе стартуваме на хиперсофт, но ќе притискаме со цела сила за топ 10 пласман и поени со двата болиди.


Рено задоволни што се вратија на врвот од средината

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>