Рено достави нови агрегати до сите муштерии

223

Сите шест возачи кои имаат агрегати на Рено во својот болид добија ново подобрување на истиот за викендов во Канада.

Даниел Рикардо и Макс Верстапен од Ред Бул, Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн од Мекларен, како и двајцата возачи на фабричката екипа на Рено, Нико Хулкенберг и Карлос Саинз, ќе имаат еднаква моќ позади себе за трката викендов.

Рено претходно најави дека своето прво големо подобрување ќе го има подготвено за Монтреал, но не беа сигурни дали сите возачи ќе ја добијат новата В6ка.

Достапноста на одредени компоненти може да значи дека некои возачи ќе ги задржат моменталните агрегатни единициа за друга трка пред да го добијат подобрувањето во Франција.

Но техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, потврди дека сите шест возачи ги добиле новите мотори со внатрешно согорување, како и МГУ-Х компонентите. Сите освен Алонсо ќе добијат и нова контролна единица за тракција. Алонсо веќе ја доби истата на претходната трка.

Дополнително, Верстапен, Хулкенберг и Саинз ќе ги добијат првите нови системи за електроника во сезоната.

По проблемите со МГУ-К во Монако, Рикардо избегна грид казна преку употреба на старата единица, последен пат користена во Кина. Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, инсистира дека тимот не е премногу загрижен од ситуацијата.

Не сум повеќе загрижен од вообичаено. Има поминато неколку настани и километража. Тоа е прв елемент кој го враќаме во болидот, а нема други достапни. Се надевам дека ќе биде во ред – вели Хорнер.

Австралијанецот ќе биде казнет секој пат кога ќе направи нова промена во 2018 година. Тоа ќе биде голем чекор назад за него во походот кон шампионска титула.


Рено достави нови агрегати до сите муштерии

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>