Во Рено сметаат дека доаѓањето на австралијанецот Даниел Рикардо во Рено се споредува со деновите кога Фернандо Алонсо дојде во тимот и освои две титули.

Заминувањето на Дани од Ред Бул во Рено е еден од најголемите шокови оваа сезона. Абитебул потенцираше дека фабриките во Англија (Енстон) и Франција (Вири) работат на истото ниво како во времето кога дојде Алонсо и тие освоија титули во 2005 и 2006 година.

Очигледно тоа е големо олеснување и фантастични вести кои беа топло пречекани во Вири и Енстон. Очекувам нешто, но ништо повеќе од тоа што го видов. Тоа е фантастичен момент.

Не сум видел таква реакција во двете фабрики. Ме потсеќа на Алонсо во 2005 и 2006 година. Сеуште немаме победи, но тоа чувство не води кон тоа што посакуваме. Навистина имаме обврска да направиме мотор и шасија кои ќе му дадат можност на Рикардо – објасни аирил.

Иако доаѓањето на Рикардо е голем потег за Рено во борбата за предниот дел на гридот, Абитебул е јасен дека тоа што имаат победник во тимот го зголемува притисокот врз тимот и тие треба да се поправат.

Имаме голема обврска пред Рено, нашите спонзори, нашите фанови и возачите да не ги разочараме во наредните две години. Не би сакал да бидеме како Мекларен и Фернандо во последните две години.

Но, Абитебул е јасен дека Рикардо разбира што може Рено да направи и не очекува резултати веднаш.

Бев јасен дека Даниел не очекува од тимот да се сврти целосно, но сепак тој е подготвен да допринесе на високо ниво. Му кажав дека сеуште напредуваме и сме во фаза на конструкција на нешто долго и неговиот допринес нема да биде само од возењето. Тој треба да е амбасадор и водач со неговото искуство и експертиза во тимот. Додадовме неколку додатоци во тимот, нови работи, персонал и мислам дека ќе светнеме. Ова е тој предизвик – заврши французинот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.