Рено демантираат дека прекршиле џентлменски договор

181

Рено ги демантираат обвинувањата на шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, дека екипата од Енстон прекршила џентлменски договор со протестот за подот на Роман Гросжан во Монца. Французинот заврши на 6то место на Италијанското Гранд При, но беше дисквалификуван од стјуардите поради неправилности во неговиот под. Хаас се жалеа на одлуката, а сослушувањето треба да се случи на 1 Ноември во Париз.

Стаинер е незадоволен затоа што смета дека постоел џентлменски договор согласно кој тимовите се договориле да нема пријавувања кај стјуардите по трките и дека истото треба да се право во текот на тркачките викенди. Но, Марцин Будковски, Извршниот директор на Рено, смета дека правилата биле јасни и достапни за сите, а американците не се предржувале кон истите.

Сите си ги анализираме болидите редовно. Ние со уште неколку екипи го приметивме нивниот под кој за прв пат беше возен уште во Канада. Вистина е дека долго време немало протест на една екипа против друга, но тука не се работи за џентлменски договор туку за тоа што им беше дадено неколку трки да го легализираат тој под.

На нас не ни беше проблем колку време им беше дадено, но тие не го почитуваа даденото време и мислам дека не беа воопшто изненадени. Сметам дека Гунтер веројатно сметаше дека доколку имало нешто неправилно требало да се разговара со тимот или со ФИА за да се реши.

Техничката директива беше јасна и јавна. Исто како и останатите, сите очекувавме до Монца да наместат под кој е согласно правилата и навистина бевме изненадени што тоа не беше така – објасни Будковски.

Тој не сакаше да потврди дали протестот против Хаас бил директно мотивиран од финишот во поени на тимот и тоа пред нивниот болид.

По трката со собравме и одлучивме дека не сме задоволни да видиме друг болид кој е нелегален и не е согласно правилата. Не бевме задоволни со нивниот болид, тоа е едностано.

Хаас поднесе жалба против одлуката на стјуардите, а ние побаравме да бидеме сослушани како вмешана страна. Не знаеме дали ќе ни биде дозволено да се изјасниме, но од јасни причини ние сме засегнати затоа што ние бевме тие кои протестиравме.


Booking.com

Рено демантираат дека прекршиле џентлменски договор

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>