Рено го сака Перез?

127

Шефот на Рено, Сирил Абитебул, истакна дека тимот сака да изгради болид кој ќе првлече возачи од калибарот на Даниел Рикардо, но шпекулациите во медиумите велат дека тимот го сака Серхио Перез во Енстон.

F1today.net пренесува дека веќе имало првични контакти помеѓу возачот и екипата, а французите му понудиле договор на две години пред тој да ги продолжи своите обврски кон Форс Индија.

Карлос Саинз е на позајмица во Рено и е сеуште возач на Ред Бул, така што доколку Даниел Рикардо замине од Милтон Кинс, екипата сигурно ќе сака да го врати шпанецот во своето јато. На тој начин повторно би се создал тандемо Саинз – Верстапен.

Во исто време во Силверстон би се создал тандем Хулкенберг – Перез кои заедно возеа неколку години во Форс Индија и се сложуваа одлично. Возачите беа темел за подемот на екипата која две години по ред е на 4то место кај конструкторите.

Доколку Перез навистина ја напушти Форс Индија, тоа ќе е добра вест за Џорџ Расел за кого првична цел е Формула 2 титула, а потоа и напредок во Формула 1.


Рено го сака Перез?

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>