Рено го продолжи рокот на Ред Бул

176

Сирил Абитебул откри дека немаа ништо против да ја продолжат соработката за доставување на мотори со Ред Бул следната година и за да го докажат тоа, го продолжија крајниот рок до кој во Милтон Кинс може да се одлучат со каков мотор ќе возат во 2019 година.

Во Ред Бул постојат две опции, задржување на моторот на Рено во болидот или пак промена на Хонда, особено по охрабрувачките перформанси на јапонците со Торо Росо.

Производителите мораат до 15 Мај да потврдат до ФИА кои екипи ќе ги снабдуваат со мотори, но доколку производителот се согласи, Федерацијата нема ништо против да го продолжи тој рок.

Поради тоа, Рено му даде дополнителни две недели на Ред Бул за да донесе одлука.

По 12 заеднички години проследени со многу победи, секако дека сме подготвени да продолжиме со нив. Прашање број еден во моментов е тајмингот затоа што може да се доведеме во ситуација да не сме способни да им гарантираме мотор за следната година доколку се донесе одлука по 31 Мај. Им даваме дополнителни две недели – појасни Сирил за француски Auto-Hebdo.

Но, Ред Бул во Азербејџан почна преговори и со Хонда, нешто што се очекува да продолжи и на следните тркчки викенди.


Рено го продолжи рокот на Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>