Рено открија дека го повлекле болидот на Нико Хулкенберг од Големата награда на како мерка на претпазливост за следниот тркачки викенд во Абу Даби.

Француската фабричка екипа немаше добра трка на Интерлагос, двајцата возачи се возеа во долниот дел од поредокот, Нико не ја заврши трката, додека Карлос Саинз успеа да финишира на 12то место. Жолтите болиди силно се бореа за позиција на почетокот на трката, но доста рано германецот мораше да биде повлечен откако дел од нечиј болид се заглави во неговиот ладилник и неговиот мотор почна да прегрева.

се мачевме на квалификациите и не успеавме да превземеме позиции на стартот. болидот немаше доволна брзина и поради тоа не можевме да минеме никој пред нас.

го повлековме нико како мерка на претпазливост поради преголемото загревање на неговиот мотор кој не сакавме да го загубиме на последната трка во абу даби. малку загубивме од таквиот потег затоа што ионака беше далеку од поени – објасни сирил .

Шпанецот Саинз ја вози претпоследната трка во жолтиот болид, долго време беше зад двата болиди на Торо Росо, но на крајот успеада го мине Гасли за 12то место.

знаевме дека во бразил ќе ни биде тешко и не бевме доволно брзи за поени. добивме три позиции по силниот старт и неколку борби со болиди на почетокот. кога трката се смири притискавме колку што можевме, но немавме ритам и не можевме да напредуваме. сакав повеќе, но мора да почекам до абу даби – смета карлос.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.