Фабричката екипа на Рено доби казна од 10 илјади евра поради тоа што ги помешале гумите за време на петочните тренинг сесии, но казната е суспендирана до крајот на сезоната. Стјуардите откриле дека болидот на Нико Хукенберг возел со пневматици од различен сет, но проблемот бил откриен кон крајот на денот кога германецот запрел на патеката поради тоа што имаше проблеми, а гумите не биле вратени до крајот на сесијата.

Екипата ги помеша двете предни леви гуми од различни сетови во својата гаража и како резултат на тоа не користеа гуми од исти сет во текот на првата тренинг сесија. Болиот запре на патеката во текот на сесијата, гумтие не беа скенирани при враќање во гаражата од страна на инспекторите, така што таа грешка не беше откриена за време на првата тренинг сесија кога истата беше направена.

Првиот сет беше електронски вратен по Т1, но беше увидено дека трите гуми беа регистрирани од првиот сет, а всушност биле од вториот кој бил користен во Т2. Екипата ја свати грешката и се пријавија кај инспекторите за дополнително скенирање на гумите.

Поради тоа што сите гуми беа од истата ултрасофт спецификација и не беа користени дополнителни гуми во сесијата, истиот број на гуми беше вратен по Т1 иако тие не беа од исти сет, не се здобија со никаква предност и сами се пријавија кај инспекторите, стјуардите решија да изречат казна од 10 илјади евра која ќе биде суспендирана за остатокот на сезоната – гласи соопштението од ФИА.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.