Од Рено признаа дека се во трка со времето да го подготват својот нов болид за почетокот на пред-сезонскиот тест во Барселона следната недела.

Во обид да го максимизираат времето за развој за своите дизајнери, Рено одлучија да ја пролонгираат финалната спецификација на РС19 до последен момент.

Како последица, изработката на болидот е набиена и поради мали одложувања, некои делови сеуште не се подготвени. Рено користеле шасија од 2018 година, со вградено предно и задно крило од 2019 година при промоцијата во Енстоун.

Тимскиот шеф, Сирил Абитебол, иако сеуште верува дека тимот ќе биде подготвен за тестовите, истакнува дека планираните загревачки кругови планирани за Сабота во Барселона сега се под знак прашалник.

Многу малку време имаме. Но сеуште имаме добра причина да веруваме дека ќе бидеме подготвени за тестот.

Ако споделам мала тајна, планиравме да возиме загревачки кругови во Сабота, во текот на денот за снимање, а тоа не сме сигурни дали ќе се случи.

Моментално, не сме 100 проценти сигурни за ништо. Двајцата возачи ќе бидат присутни и достапни ако имате прашања или да пиете кафе. Приколката и машината за кафе ќе функционираат, за тоа сум 100 проценти сигурен – вели Абитебол.

Сирил смета дека доцнењето на болидот се должи на одлуката да дозволат повеќе време за дизајнот за 2019 поради новите аеро правила.

Понекогаш сме гласни околу доцни промени во правилата. Мислам дека не сме единствениот тим кој се соочува со оваа ситуација.

Знаеме дека има директна врска помеѓу времето поминато во воздушниот тунел и тоа колку сте конкурентни. Мора постојано да си играме со лимитот, но сега можеби претеравме.

Работиме напорно да ги изработиме деловите и да бидеме подготвени за тестовите. Мислам дека за наредната година ќе мора да бидеме повеќе конзервативни, бидејќи не се работи само за перформансите, туку и за издржливоста. Не сакате да се појавите на тестовите и да дознаете дека нешто не работи. Се работи за постигнување на баланс.

Направивме премногу голем чекор напред и можеби треба да го разгледаме тоа за наредната година – додаде Абитебол.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.