Оперативниот шеф на , Сирил , е силно фокусиран на крајот на сезоната и подготовката за последните две трки по одличните настапи на тимот во Америка и во Мексико.

бразил е страствен за моторспортот, особено за Формула 1. големи тркачки имиња доаѓаат од бразил, таму има фантастични патеки и секогаш одлична атмосфера во сао паоло. воедно тоа е и значаен пазар за рено така што ќе имаме многу активности во текот на викендот, презентации и слилчно – најави сирил абитебул.

Болид со мотор на Рено победи на последната трка во Мексико пред Ферари и Мерцедес, а фабричката екипа беше одлична на сите тренинг сесии и квалификациите. Шефот појасни дека се во дел од сезоната каде ќе има само минимални подобрувања и ќе се насочат на совршено остварување на планот за трка, како што направиле и во Мексико.

доаѓаме во бразил по ветувачки резултат во мексико. се наоѓаме во дел од сезоната каде како и сите ќе имаме само минимални промени и пдообрувања.

поради тоа мораме да се насочиме кон детална подготовка на шасијата и моторот за стратешко одработување на викендот. во мексико совршено го одработивме тоа што го планиравме и поради тоа имавме толку добра трка, а резултатот е одличен поттик за следните две трки од сезоната.

Во периодот помеѓу Мексико и Бразил се случи уште една позитивна работа за Рено, односно жалбата за казната на Хаас, која се случи по нивна пријава, не беше усвоена од ФИА. Со тоа, французите остануваат на 4то место во конструкторскиот поредок со 30 поени педност пред нивните конкуренти од Америка.

конечно, во петока наутро ја примивме веста од меѓународниот суд за жалби во врска со поднесокот на хаас за дисквалификацијата од италија во септември. ние сме задоволни од одлуката – заврши абитебул.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.