Од Рено сметаат дека одвлекувањето на вниманието со плановите кои врвните Ф1 тимови ќе мора да ги направат за вишокот на персонал по имплементација на ограничувањето на буџетите, ќе биде од помош за малите екипи кои се обидуваат да ги стигнат.

Додека големите екипи како Мерцедес, Ферари и Ред Бул имаат јасна предност во моментов поради нивните огромни ресурси, тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебол, смета дека ограничувањето во трошоците од 2021 година би можеле да ја променат ситуацијата.

Во меѓувреме тој го прифаќа фактот дека буџетот на Рено не е доволно голем да им помогне во намалување на разликата краткорочно, тој смета дека потешкотиите кои следат за врвните тимови поради вишокот ќе биде голема главоболка.

Знаеме дека имаме голем дефицит во ресурси против тимови со кои на крајот сакаме да бориме, Но исто така знаеме дека ограничувањето на буџетот во одреден момент ќе биде воведено.

Нема логика да додаваме ресурси знаејќи дека ќе треба да ги намалиме. Од одредена гледна точка, би било непрофесионално тоа да се направи, да се вработат луѓе за потоа да се отпуштат.

Ние сме во точка во која Ф1 очекува да бидат фабричките екипи, треба да го прифатиме тоа и да имаме трпение. Би рекол дека нашиот недостаток ќе бидат ресурсите кои ги имаме за наредните две сезони.

Но, нашата предност е што нема да ни биде одвлечено вниманието со тоа што ќе треба да размислуваме за иднината. Можеме да се фокусираме на тркањето, а не на планирање за вишокот, како што ќе биде случај со тимовите кои се многу поголеми од нас.

Постои позитивна и негативна страна, не се жалам, ние имаме план и ќе го исполниме – вели Абитебул.

Откако Рено инвестираа драстично во Енстоун по враќањето како фабричка екипа во 2016 година, Абитебул смета дека тие напори ќе направат голема разлика пред новата сезона.

Би било загрижувачки да не видиме напредок, како што имаме сега.

Но мора да бидеме внимателни. Не ги знаеме постигнувањата на другите, но мојата доверба и позитивното мислење на тимот е во вистинска насока.

Групата на луѓе кои се заедно, се разбираат, промените кои Марцин Будковски ги имплементира во Енстоун, стабилноста и напредокот во Вири се благодарение на повеќето ангажмани.Тоа ми дава самодоверба за следната година – вели Абитебул.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.