Рено веруваат во новите странични крила

150

Рено во Сингапур ќе ги претстават своите нови и подбрени странични крила, откри одговорниот за шасијата во тимот, Ник Честер. Европскиот дел од сезоната заврши, а претстои ночната трка која возачите често ја сметаат за најтешка на календарот.

На Марина Беј има многу предизвикувачки кривини, а дополнително и влажното и топло време си го прави своети и покрај тоа што се вози ноќно време.

Лани Џулион Палмер стигна до својто најдобар Формула 1 резултат токму тука, освојувајќи го 6то место, а Честер потенцира дека токму бавните кривини одговараат на карактеристиките на нивниот болид.

Патеката е бавна и има многу кривини што е добро за нас. Тешко се наоша идеален сетап за да болидот биде стабилен при влез во кривините и без многу подуправување на средно брзите кривини. Се работи за техничка патека на која моторот не е толку важен како двете не кои претходно се тркавме.

Нашиот болид е добар на средно брзите кривини така што треба да сме добри со оглед на пакетот. Патеката уникатна, нешто помеѓу Монако и Аби Даби – анализира Честер.

Времето може да биде клучен фактор во текот на тркачкиот викенд затоа што монсунските дождови може непредвидено да надојдат во секој момент. Лани, моменти перд стартот се појави дожд и ги примора тимовите да промена гуми, а топлото време значи и дека ладењето на болидот ќе биде голем предизвик, но и хидрирањето на возачите.

Кога времето не е влажно, ладењето може да биде проблем, а кога е мокро, предизвикот е сосема различен, иако нашиот болид е добар на дожд. Кога е влажно возачите имаат многу работа, има многу менување брзини низ кривините и многу блиски бариери така што концентрацијата треба да биде на врвно ниво.

Минатата трка која се возеше во Монца не беше добра за Рено бидејќи освоија само 4 поени благодарение на казната на Роман Гросжан по која Карлос Саинз стигна до 8мо мето, иако првично заврши на 9то. И покрај тоа, Честер смета дека новините кои ги донеле во Италија одлично се покажале, а во Сингапур стигнуваат и нови странични крила на болидот.

Не бевме лоши во Италија, го подобрувавме болидот како што одминуваше викендот, мислевме дека ќе страдаме повеќе со оглед на тоа колку патеката зависи од моторот, но на крај ги надминавме очекувањата.

Балансот на болидот беше добар, имавме некои ситни новини кои работеа како што очекувавме, немавме брзина и ритам да ги минеме ривалите на патеката, но бевме поблиску до нив одошто очекувавме.

Во однос на новините, во Сингапур ќе донесеме нови странични делови кои сметаме дека ќе ни помогнат – заврши Честер.


Booking.com

Рено веруваат во новите странични крила

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>