Рено би го земале Алонсо, но на подолг рок

296
   

Рено не се откажуваат од евентуален ангажман на Фернандо Алонсо, но тимскиот шеф Сирил Абитебул е дециден кога вели дека би потпишале со двократниот првак само на минимум две години. Зек Браун на секој начин се обидува да му удоволи на шпанецот, но во екот на моменталната криза во Мекларен, компанијата го откажа својот Индикар проект за 2019 година.

Фернандо е првак со Рено во 2005 и 2016 година, а во моментов е 5 години без Гранд При победа откако последниот свој триумф го имаше во црвениот болид на Ферари.

Рено од друга страна се задоволни со својот возачки тендем Саинз – Хулкенберг, но Карлос е на заем од Ред Бул, а германецот нема подиум во својата релативно долга тркчка кариера во Формула 1.

Не сакам да охрабрувам такви гласини затоа што сметам дек Фернандо прво треба да одлучи што сака да прави, дали сака да продолжи да се трка во Формула 1 или не. Ние имаме огромна почит за него, но нас не интересираат возачи кои остануваат со нас на подолг рок. Можеме да се договориме со него, но едногодишен престој во нашата екипа нема смисла со оглед на проект кој го работиме – објасни Сирил Абитебул за шпанска Marca.

Рено ги губи Ред Бул како муштерии догодина откако “биковите“ решија да се префрлат на агрегатите на Хонда за 2019 година, така што освен фабричката екипа ќе ги снабдуваат уште Мекларен. Но, Абитебул смета дека и покрај тоа екипата ќе напредува.

Не се брзаме никаде и мора да почекаме за да видиме какви ќе бидат ефектите од таквата одлука на Ред Бул. Но, јасно е дека се подобруваме, тоа го знаат сите, фановите, медиумите, а особено возачите.

Неколку возачи веке пројавија интерес да возат за нас, така што не би рекол дека е тивко затоа што ние сакаме да продолжиме со сегашните возачи со кои одлично се снаошаме, Смирен сум затоа што ако продолжиме со сегашната работа ќе имаме одличен болид, а со вакво напредок многу возачи ќе сакаат да дојдат да возат за нас – заврши Абитебул.


Рено би го земале Алонсо, но на подолг рок

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>